Како организаторот на настани ќе Ви заштеди пари

Сите ние сакаме  работите да ги правиме самостојно, најчесто затоа што немаме доверба во луѓето, професионалците во својата област. Секогаш мислиме дека знаеме подобро, и тоа најчесто води кон катастрофа. Можеби сте одлучиле работите да ги правите самостојно без ничија помош, но кога станува збор за организирање настани, тогаш е подобро вашето место да го отстапите на организатор на настани кој ќе ја заврши работата за Вас и ќе Ви заштеди пари и време.

7 причини зошто е подобро да изнајмите организатор на настани:

  • Се ќе биде како што Вие ќе посакате

Доколку мислите дека организаторите на настани планираат и организираат по нивен избор и идеја, тогаш грешите. Првиот чекор при организирање на настани е слушање на клиентот. Се што треба да направите е да му ја објасните на организаторот на настани вашата замисла и идеја и да се ослободите  од грижи дали Вашата замисла може да се претвори во реалност, бидејќи тој/таа токму тоа ќе го направи.

  • Ќе заштедите пари

Сосема погрешно е мислењето дека организаторот на настани ќе ве чини повеќе пари. Всушност, токму спротивното, организаторот на настан ќе ви заштеди пари. Поради нивното искуство, тие имаат огромен број на контакти од оваа област, и можат да го изнајмат најдобриот кетеринг, простор  или фотограф истовремено добивајќи попуст. Тие исто така знаат каде не треба да се трошат пари, за разлика од луѓето кои немаат искуство со организирање настани.

  • Одбирање на простор и локација

Дали локацијата е добра доколку временските услови се расипат? Дали локацијата е лесно достапна за гостите? Дали просторот ги задоволува барањата на клиентот се само дел од прашањата кои поминуваат низ главата на еден организатор на настани пред да го предложи и избере просторот за организирање на настани. Луѓето кои немаат искуство во организирање на настани, може воопшто да не земат предвид некои од овие важни прашања и да изберат наизглед убав, но целосно несоодвентен простор за одреден тип на настан.

  • Ќе Ве заштитат од проблеми околу кетерингот

Можете да го изнајмите најдобриот кетеринг во градот, но и покрај тоа на денот на настанот да наидете на проблеми. Можеби нема да имате доволно храна, или стилот на сервирање не е како што Вие сте си го замислиле. Причината зошто е тоа така? Бидејќи Вие досега не сте имале искуство со кетеринг, но затоа Вашиот организатор на настан имал и тоа многупати.  Тие знаат точно како да комуницираат со кетеринг компанијата за ништо да не фали на денот на настанот.

  • Избирање на соодветни услуги за Вас

За време на планирањето на настан, организаторот ќе ви помогне да ги изберете најдобрите пропратни услуги за вашиот настан. Без разлика дали се тоа услуги за транспорт на гости, фотографи, осветлување, или цвеќари организаторот на настани е тука за да ви го олесни изборот.

 

  • Управување со Вашиот буџет

Се што треба да направите е да му го кажете буџетот на Вашиот организатор на настан и тој ќе се погрижи за се останато. Тој ќе води евиденција за сите сметки, постојано проверувајќи  дека се е во рамки на буџетот, ќе ги провери сите сметки по настанот и на крај ќе изврши плаќање на истите. Сето ова можеби изгледа едноставно, но при големи настани речиси е невозможно да се држите во рамки на буџетот доколку организрате сами голем настан. Поради тоа најдобра одлука е Вашиот организатор да се погрижи за сето ова.

  • Без стрес

Помеѓу многуте фактори зошто е подобро да изнајмите професионален организатор на настани секако овој е најважен. Организаторот на настани ќе ги има сите главоболки за организирање на голем настан, оставајќи Ви вам простор да уживате во забавата со Вашите гости, без да размислувате што би можело да тргне наопаку.

Така, наредниот пат кога ќе организирате настан, наместо тоа да го правите сами и да имате милион стресови и главоболки, изнајмете добар организатор на настани и уживајте во незаборавниот и уникатен настан.