Организирање новогодишна прослава: 10 чекори за организирање на совршена прослава

Задачата за организирање на новогодишна прослава  честопати делува како неблагодарна и „лоша„ задача.

Она што е особено важно, е дека доколку организирате голема прослава, тогаш воопшто не е рано да почнете да размислувате за Нова Година. Можеби мислите дека е премногу рано да влезете во тој празничен дух, но верувајте доколку сакате прославата да помине во најдобар ред, тогаш навременото организирање е најважниот прв чекор.

Без разлика колку далеку Ви изгледа Нова Година секогаш постои некој кој веќе започнал со организирање на новогодишна прослава.

Оваа, навидум неблагодарна задача најчесто ја добиваат лица кои немаат доволно предходно искуство во организирање настани  и организирањето настани им е само уште една дополнителна работна задача на и онака многу редовни работни обврски кои ги имаат. Токму поради тоа, во денешниот пост ќе зборуваме кои се најважните чекори за организирање на совршена забава од гледна точка на еден Event менаџер.

 

#1 – Одредете го денот и датумот

Декември е месецот со најмногу прослави, период кога сите ние сме поканети на многу забави, па така календарот на настани многу брзо ни се полни. Тоа значи дека доколку сакате датум треба што побрзо да го резервирате.

Наш совет:  Одбегнувајте ги 18 и 19.12 бидејќи скоро сите се на куќни слави или имендени по повод Св. Никола.

Вообичаено, најдобри денови за прослава се четврток или петок, додека пак деновоте од првата половина на неделата се доста поевтини за организирање на прослава.

За да бидете сигурни дека најголем дел од планираните гости ќе ви дојдат на забавата, веднаш штом ќе го дефинирате денот и датумот, наша сугестија е да испратите емаил ‘save the date’. Во оваа фаза не е важно доколку не ви се дефинирани сите детали за забава, најважно е да ги информирате дека вашата прослава е на тој датум.

 

#2 Одредете го буџетот за забавата

Одредувањето на буџетот за вашата забава во голема мера ќе влијае на тоа каква забава ќе организирате, од дефинирање на местото на одржување, храната која ќе се служи до кој ќе ве забавува.

Особено е важно да знаете со колкав буџет располагате, и тоа колку порано толку подобро за да не губите време во организирање на нешто нереално.

Прераспределете го буџетот согласно она што најважно за вашите гости. Ова во голема мера зависи од типот на компанијата и од очекувањата на вашите колеги. И запомнете, новогодишната забава е повод за благодарност до колегите и вработените, а не забава за Директорите и Менаџерите.

#3 Резервирајте место за прославата

Колку порано резевирате место за прослава, толку подобро – добрите места скоро секогаш се веќе резервирани.

Најдете соодветни места за прослава кои се слободни, во рамки на вашиот буџет и лесно достапни за вашите гости.

#4 Храна

Храната е најважниот дел на секоја забава и  токму поради тоа треба особено да посветите внимание. Размислете како ќе сакате да биде сервирана храната? И не заборавајте, со шефот на кујната да се договорите и за вегетаријанско мени како опција.

#5 Пијалоци

Одберете пијалок за добредојде. Пенливото вино е секогаш добар избор за започнување на  новогодишна забава и начин вашите гости побрзо да влезат во празничната атмосфера.

Имајќи во предвид колкав Ви е буџетот за пијалоци, можете да се договорите за одреден вид на пијалоци кои ќе се служат (неограничена конзумација на одредени пијалоци) или пак на сите гости да им поделите ваучери за одреден број на пијачки без притоа да ги ограничувате изборот на пијалоци.

#6 Избор на музика

Танцување на новогодишната забава е задолжителна активност. Токму поради тоа морате навреме да се организирате околку тоа кој ќе ви ги забавува гостите. И потворно како што споменавме и погоре, ова особено зависи од типот и возраста на гостите дали ќе изнајмите DJ, пејач или бенд во живо. Особено е важно да проверите дали местото кое сте го изнајмиле има озвучување или ќе треба и за тоа да се погрижите.

#7 Здравица за благодарност и доделувања признанија

Доколку сакате новогодишната забава да ви биде еден вид Благодарам за вашите колеги, тогаш е убаво да го кажете тоа.

Замолете го вашиот директор, да одржи краток говор во кој ќе им се заблагодари на вработените за нивниот допринос. Доколку во вашата компанија имате колеги на кои треба да им се даде признание за нивната работа, тогаш новогодишната забава е правото место за доделување на овие признанија.

#8 Фотограф

Изнајмете фотограф. Иако знаеме дека сите фотографираме со мобилните телефони, фотографот ќе ви направи квалитетни фотографии кои ќе можете да ги користите интернет страницата на компанијата, социјалните медиуми или во маркетинг материјалите на компанијата.

#9 Покани

Доколку сакате да имате гости на вашата прослава, тогаш треба да ги поканите и да им ги дадате сите потребни детали (место, време, датум, повод, дрес код…).  Направете ги поканите така што ќе одговараат на севкупната прослава и или како електронска покана или во испритана покана испратете ја до вашите гости

#10 Организирајте го седењето на гостите

Исто како и кај свадбите, планирањето на седењето може да биде доста незгодна задача. Токму поради тоа посветете доволно време, бидејќи сигурно не сакате да предизвикате  непријатни конфронтации.

 

Сето ова предходно детално  планирање на прославата е со цел и Вие да можете да уживате во неа. Добрата подготовка е клучот за совршена и весела прослава.